2win800x200

Млади битолчани ги бришат недоличните натписи на фасадата на училиштето „Св. Климент Охридски“

Септември 25, 2019

Поголема група млади битолчани од утрово ги премачкуваат и бришат испишаните недолични натписи на фасадата на основното училиште „Св. Климент Охридски“. Според информацијата од Општина Битола  бојата за премачкување е  обезбедена од општината.

 received 2432013823735041

-Додека некои уништуваат, сепак имаме и млади сограѓани кои размислуваат на поинаков начин. Утринава, група младинци започнаа со премачкување на недоличните натписи на фасадите на основното училиште „Св. Климент Охридски“, со боја обезбедена од Општина Битола.

received 502119177247488

Пред неколку дена се појавија вандалски натписи на ѕидовите од ОУ „Св. Климент Охридски“ во Битола , во кои беше употребен говор на омраза и недоличности, истовремено уништувајќи ја фасадата на училиштето, велат од Општина Битола.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани