Над 200 метри кубни ѓубре собрани од дивите депонии низ Битола

Септември 28, 2019

Над 200 метри кубни ѓубре е собрано во есенската акција за чистење на повеќе од 20 диви депонии во урбаниот дел на Битола, во која учествуваа сите јавни комунални претпријаија од градот, а се приклучија и голем број граѓани  кои живеат во близина на овие депонии..

deponija1

 

-Постојано се чисти, но, ако во една куќа еден чисти, а другите гнасат, никогаш нема да биде чисто. Исто е и во градот, ако сите чистиме, внимаваме ќе биде чисто. Секоја недела да имаме акции, ако другите валакаат и фрлаат ѓубре, ќе биде постојано валкано. Битола ни е наш дом, треба да внимаваме. Ние граѓаните треба да ја подигнеме свеста и да помогнеме во овие акции, велат граѓаните кои се приклучија во акцијата за чистење на градот. 

deponija3

Акцијата траеше една недела, а денеска се спроведе завршниот дел на повеќе локации.

IMG 5ada6c5e9ac4ae7d45e5f8bf28844e5a V

deponija4

-Денес се чисти кај Боримечка, Буковски ливади, Тепсија, горниот пазар, стариот Интернат, клучката кај Ротино. Покрај ЈП „Комуналец“ со своја механизација учествуваат и ЈП „Водовод“ и „Нискограбда“, а вклучени се и вработените од ЈП „Пазари„. Ме радува тоа што граѓаните се јавуваат и бараат „Комуналец“ да интервенира во местата каде што живеат. Додека го чистевме запуштениот Интернат, дојдоа граѓаните од спротивната зграда и побараа да ја уредиме зелената површина. Иако не ние во редовните обврски, тоа ќе го направиме , вели Панде Богоевски, директор на ЈП „Комуналец“

IMG 7d0d637fcdd1ea50f4c28369e09e3c15 V

deponija5

Богоевски вели дека има доволно контејнери низ градот, но, лошите навики на граѓаните се причина за создавањето на диви депонии и тоа постојано на исти локации откако ќе се исчистат. Сепак, ваквите акции имаат ефект.

deponija6

- Ние правиме двапати годишно вакви акции на есенско и пролетно чистење. Но, можа да кажам дека оваа година има ѓубре во помала количина за разлика од минатите години. Тоа значи дека веќе се подига свеста на граѓаните дека не треба да се создаваат тие депонии. Ние и понатаму ќе работиме на подигање на менаталитетот, а ќе излегуваме во пресрет на барањата на граѓаните, рече Панде Богоевски, директор на ЈП Комуналец-Битола.

deponija7

Истот ака, ЈП „Комуналец“ апелираат граѓаните да ја користат нивната услуга за собирање на гломазен отпад и да не го оставаат до контејнерите, затоа што јавното претпријатие постојано го подига од домовите на битолчани.

deponija9

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани