АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Изградбата на гасоводот стигна на само седум километри до Битола во атарот на селото Карамани. На проектот интензивно се работи за што потврдуваат фотографиите направени ова утро од апла.мк.
Од Општина Битола неодмна изјавија дека избран е проектант кој го работи идејното решение и идејниот проект за гасификацијата, така што кон крајот на есенва се очекува дека проектната документација ќе биде завршена, за да може следната градежна сезона пред да дојде примарниот довод до градот, да бидат подготвени со секундарните приклучоци.
Се очекува изградбата на секундарната мрежа да започне идната пролет,а теренот веќе се подготвува за поставување цевки од магистралниот гасовод.