АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Македонски енергетски ресурси (МЕР) спроведува подготвителни активности на регионалниот пат Битола - Новаци, при што во тек е бушење за идното поставување цевки на магистралниот гасовод, кој треба да се стави во функција до крајот на 2020 година, велат за Апла.мк од Општина Битола.
Од Општината уште соопштија дека доколку нема жалби на спроведувањето на постапка за јавна набавка, Општина Битола до средината на месец април ќе склучи договор со проектантска фирма, која до крајот на 2019 година, ќе изработи идеен и основен проект за дистрибутивна гасоводна мрежа. Градбата предвидено е да започне во пролетта 2020 година.
Фото Апла.мк