АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
За многу скоро време, за речиси два месеца пациентите од канцер ќе добиваат зрачна терапија во Битолската болница.
Оваа недела при посетата на Битола кога Министерот за здравство Венко Филипче беше на средба меѓу пензионерите беше запрашан кога ќе влезе во употреба акцелераторот во Клиничката болница во Битола.
-Колку вам ви е познат развојот на Онколошкото одделение во Битолската болница, добро функционира со хемотерапија, но делот за зрачење не е во функција. Болните од рак очекуваат тоа да се реши, рече присутна на настанот.
Министерот Филипче веднаш одговори дека целосно е информиран за состојбата и дека зрачната терапија во Битолската болница ќе биде во функција до декември, и дека оваа вест планирал да ја сподели со присутните.