АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во тек е тендерот за избор на фирма која ќе постави звучни бариери на обиколницата над Битола кај дивата населба со цел поголема безбедност на лицата што живеат таму, како и звучна изолација.
„Во моментов тече тендерот за звучните бариери на патот кај населбата Баир за да може да се среди така како што треба“, рече Зоран Китанов, директор на Агенцијата за државни патишта при последната посета на Битола од пред неколку дена.
Бариерата се предвидува да биде од бетон и гума. Обиколницата од пред неколку месеци е исчистена од сметот, а средени се и свлечиштата поради кои со години наназад патот беше затворен за употреба.