2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

30 години група ,,Боеми" (Видео)- Обновено

Октомври 22, 2019
{YouTube}https://youtu.be/r834l6zHPl0{/YouTube}

Со изведба на  легендарната песна ,,Старо друштво" групата ,,Боеми" од Битола во ресторанот Грне го одбележа јубилејот 30 години музичка кариера. Токму со оваа песна влегоа низ големата врата на македонската музичка сцена. Од 11 Октомври до 9 ноември тече месецот на „Боемите“ и на различни локации во градот, во повеќе ресторани ќе имаат непосреден контакт со публиката.  

„Групата Боеми започна со својата работа во 1989 година, упорно ја негува староградската песна низ долги години, трудејќи се да остави нешто автентично за себе, нешто што ќе остане трајно богатство. Сме учествувале на многу фестивали, имаме многу добиени награди, многу непосредни контакти со публиката, свирки во живо. 30 години е долго време да се одржите во кондиција, потребно е меѓусебно почитување. Имаме разлика во генерации во групата од 25 години, па различни се сфаќањата, но се почитуваме„, рече Тони Панов.

Инаку, дружбата на првите музичари од овој познат битолски состав почнала уште кога како младинци свиреле во Мандолискиот оркестар при КУД „Стив Наумов“. Сите биле од различни краеви на Битола, од различни училишта, но ги споила музиката. 

„Секогаш кога оркестарот ќе имаше некоја турнеја, ние бевме тие што ќе го понесевме товарот на дружбата. Ќе ја земвме гитарата и се редеа песни. Па, така и се запознавме кои се сродните души. Потоа се постави прашањата што правиме понатаму. Почнавме скромни во 1989 година. Околу една година бевме без име. И еден наш пријател кој сега е во Австралија, Димо, негов беше предлогот името да биде Боеми зашто не знаеше какви сме по карактер и што како толку млади сме оставиле дури тогаш зад себе во градот. Од таму излезе и името Боеми'', рече Панов.  

Изведувале песни од Петар Георгиев Калица, Милко Лозановски, Валентин Соклевски, браќата Неќак, Михајло Бандевски, Никола Мицевски и други битолски автори, како и од многу други еминентни автори од земјава. 

„Не се трудевме да оставиме некој сезонски мега хит, кој кога ќе помине сезоната ќе падни во заборав, туку градски песни кои и ете до ден денес се слушаат', велат од „Боеми''.   

Парите за нив велат дека се релативна работа. 

„Некој ќе речи порано одеше господ по земја. Не ни била целта парите оти сме откажувале свирки за да одиме да се дружиме на некој фестивал каде не сме учествувале со песна“, велат битолскиот „Боеми“

 Шеговите лична карта за Боемите:

 Мендерез: Како дете тропал глупости 

Столе: Не е столе туку коклица

Стево:  Лице за уметнички „дојам“

Тони -Старото: Политичкио

Пански: Без него „Боеми“ се...

Паун: Џабе го носи прекарот

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани