АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Иницијативата „Гласно сокаче- будно чикмаче“ и годинава тргнува во битка со гласините. Овој пат организаторите од Форум 16 викендов ќе организираат повеќе активности против гласините од типот дека сите паметни си заминале од градот, а само глупавите и неспособните останале.
„Еден од тие муабети, кој веруваме дека го слушате секојдневно, е муабетот дека ‘од овој град си заминаа сите паметни’ и дека ‘само глупавите и неспособните останаа’. Е па, наши драги сограѓани и сограѓанки, ве покануваме да се вклучите во работна акција и дружба кои ги планираме веќе неколку месеци, за да се запознаеме подобро и за да сфатите дека и меѓу тие што одлучиле да останат во овој град поради одредени познати или непознати причини за нив, има луѓе, кои и покрај ваквите демотивирачки гласини, наоѓаат инспирација да ја подобрат со лик и со душа нашата Битола“, апелираат од „Гласно сокаче-будно чикмаче“.
На 26 октомври, сабота, од 10 до 17 часот ќе организираат уредување на јавен простор меѓу улиците „Кичево“ и „Црвена вода“ (кај Скопска пивара). На 27 октомври, во недела, од 11 до 14 часот - интерактивни работилници и друштвени игри на горенаведената локација.
Иницијативата „Гласно сокаче - Будно чимаче“ е оригинален пристап на ФОРУМ 16 со неформални и интернативни методи за работа да се едуцира целната група за улогата што ќе ја имаат како идни агенти, односно активисти против гласини. Нивната улога е да ги разнишаат гласините кои водат кон креирање на длабоко вкоренети стереотипи во општеството, како и дискриминација. Исто така, активностите во рамките на оваа иницијатива, освен обука на учесниците, предвидуваат и работна акција во која се вклучени млади и постарите луѓе со цел:
- заеднички да ги подобрат запоставените локации во нашата заедница,
- да се промовира атмосфера на вклучување, толеранција и разбирање.