2win800x200

Нови протоколи за безболно породување се спроведуваат во битолската болница под надзор на американски анестезиолог

Октомври 31, 2019

Нови протоколи за спинална анстезија при породување со царски рез со пенсил поинт игли со што се избегнува постоперативни главоболки кај родилките се спроведени во битолската Клиничка болница за време на посетата  на проф. д-р Олег Туркот, анестезиолог од болницата JOHN HOPKINGS oд Балтимор САД. Исто така, за време на неколкуденвниот престој на анестезилогот Туркот тимот анестезилолози од битолската болница беше обучен и за спроведување на безболно породување со епидурална аналгезија кај пациентките што се породуваат спонтано.

bolnica2

 

-Ова беше посебно барање од страна на менаџерскиот тим при нашата болница во името на младите пациентки кои   за тоа даваат многу пари по приватните клиники. Сакам да потенцирам дека наш тим од анестезиолози,  раководен од началникот на анестезиолошката служба Др. Мимоза Гелевска,  во соработка со младите гинеколози од нашата болница направија вакво породување по најнов протокол, а следат и уште неколку во наредните денови. Најважно е тоа што наскоро оваа доста барана услуга ќе влезе како услуга по мој термин и ќе биде достижна за сите идни млади мајки, рече Сузана КОневска, портпарол на Клиничка болница Битола.

bolnica1

Во рамките на својата посета проф. д-р Олег Туркот работеше со анестезиолошки тим од Клиничката болница во Битола на обука и следење на понатамошна самостојна работа спроведувајќи ги најновите протоколи на регионална анестезија со периферни блокови под ултразвук со цел да се избегнат компликациите на општата анестезија.

bolnica4

-Девизата на Др.Тургот овие дена беше: "САКАМ СРЕЌНО ЛИЦЕ НА ЖЕНАТА КОЈА ЈА ОЧЕКУВА РАЃАЊЕ" тоа нека е девиза и на сите вработени во ЈЗУ Клиничка Болница Битола заедно со сите идни мајки кои ќе се одлучат кај нас да го слушнат безгрижно првиот плач на нивната принова, вели Конеска

bolnica5

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани