Испаднаа два блока, од РЕК велат причинител е трафостаница на МЕПСО

Ноември 05, 2019
Во 14:16 часот од електроенергетскиот систем на РСМ испаднаа Блок 1 и Блок 3 на  РЕК Битола. Испадот беше последица на испаѓање на блочните прекинувачи во Трафостаницата 400 - Битола 2 во сопственост на АД МЕПСО. 
Преку таа трафостаница РЕК Битола ја пласира произведената електрична енергија во системот на РСМ.  Во РЕК Битола нема детектирани проблеми, а веднаш по отстранувањето на дефектот во трафостаницата од страна на стручните служби на АД МЕПСО, блоковите ќе бидат приклучени на електроенергетскиот систем, пишува во соопштението до РЕК „Битола“. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани