2win800x200

Два нови случаи на носители на ХИВ вирусот годинава во Битола

Декември 01, 2017

Центарот за јавно здравје во Битола регистра два нови случаи на носители на ХИВ вирусот годинава во Битола.

 

Од Центарот велат  дека годишно дури стотина клиенти минуваат низ советувалиштето за ХИВ-СИДА во Битола каде се врши бесплатно доверливо и доброволно советување и тестирање на сите лица кои сакаат да ја проверат својата здравствена состојба во однос на својот ХИВ-СИДА статус.

-Низ советувалиштето годишно минуваат стотина корисници на услугите за доброволно и доверливо тестирање, а  интересот од година во година е се поголем. Причината за тестирањето најчесто е сомнителен сексуален контакт, нова врска, интравенско користење на дроги. Основна препорака  од нас епидемиолозите е градење на свеста на поединецот за безбедно сексуално однесување. Секој треба да користи индивидуална заштита,вели  Тони Коњановски, специјалист епидемиолог во Заводот за здравствена заштита во Битола.   

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани