АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
-Почитувани,
ве покануваме на прес конференција која ќе се одржи пред Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола во 17:30 часот на кој ќе се обратат Месните комитети од Битола во врска со барање за оставка на раководството на ВМРО-ДПМНЕ.
Вака стои на меил пораката што денеска ја добија дел од медиумите, а во која се бара оставка од раководството на ВМРО-ДПМНЕ во Битола.
Пораката е испратена од „ВМРО-ДПМНЕ посилно“без да се наведат подетални информации.
„From: VMRO DPMNE posilno [mailto:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.]
Sent: Friday, December 01, 2017 1:07 PM“
Учесниците до одржувањето на настанот не сакаат да зборуваат јавно. Но, велат дека ќе бараат оставка од локалното раководство на партијата, Извршниот Комитет и лидерот Никола Груевски поради слабите изборни резултати. Додаваат дека во месни комитети кои со години биле бастиони на партијата во Битола, односно секогаш добивале најмногу гласови, дури и кога ВМРО-ДПМНЕ било во опозиција, на последните избори загубиле од СДСМ. Воедно посочуваат дека пред избори имало и промена на претседатели на месните комитети што лошо влијаело врз изборните реузлтат.
Борче Димитровски актуелен претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, за Aпла.мк вели дека не знае за што станува збор и дека прв пат слушнал од нас дека некој од него ќе бара оставка.
–Ќе ја почекаме прес-конференцијата па ќе се изјасниме. Не сум запознат за ова, инаку мандатот на Месните комитети е истечен изминатиот месец, ќе има нови избори, вели Димитровски.
Тој додава дека тоа што настанот ќе го држат на улица укажува дека се работи за неовластени лица.