АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Побелеа планинските врвови околу Битола. Од едната страна Пелистер, а од другата Кајмакчалан. Снежна покривка се задржа на врвовите. Се уште нема снег за да почне ски сезоната на Пелистер. Но, битолчани знаат да кажат дека кога на Пелистер ќе падне снег во градот студи. Денес во Битола времето ќе биде сончево, но со максимална температура до 6 степени Целзиусови. Од понеделник утринските температури ќе се движат од нула до минус 3 степени, а дневните од плус 2 до 10. Најстудено ќе биде во среда кога максималната температура преку ден нема да се искаче над вториот степен.
Редакција Апла