АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Полнач за електрични возила е поставен на паркингот пред спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Полначот е во рамките на проектот на “ЕВН Македонија“ со наслов “Електомобилност со ЕВН“ со цел поширока адаптација на електромобилноста во нашата држава.Во Битола има повеќе од десеттина електрични автомобили кои од денеска ќе можат да ги напојуваат акомулаторите на автомобилите.
Од ЕВН информираат дека во соработка со општините во Македонија изградиле сериозна електрична инфраструктура низ целата држава. Во рамки на проектот за развој на електромобилноста, ЕВН постави станици за полнење на електрични возила во 17 градови во Македонија.
Користењето на полначите е бесплатно за време на иницијалниот промотивен период. За користење полначите, возачите треба да се пријават за картичка за полнење.