2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

АД ЕСМ ЗА РЕК „БИТОЛА“ НАБАВУВА ШЕСТ НОВИ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ

Декември 30, 2019

ЕСМ за потребите на РЕК Битола објави јавен повик за набавка на нови шест еколошки автобуси со погон на метан. За оваа цел предвидени се 88 милиони денари или 1, 4 милиони евра сопствени средства на ЕСМ. 

,,Ова е прва ваква набавка после 2000 година и во 2014 година набавија поволни автобуси и тие ден денес се користат за превоз на вработените. Тоа доволно зборува за катастрофалната состојба во која се наоаѓаат автобусите во РЕК. Повеќе се во гаражи на сервис отколку што ги превезуваат вработените. Новитете автобуси ќе обезбедат квалитетен и безбеден превоз, а од еколошки аспект автобусите кои сега ги превезуваат работниците, многу ја загадуваат животната средина и не ги исполнуваат нити минималните услови, граѓаните со право реагираат и јас како битолчанец кога ги гледам низ улиците ми е непријатно. Новите автобуси ќе бидат на еколошко гориво и нема да ја загадуваат животната средина“, рече Васко Ковачевски, директор на ЕСМ.

Новите автобуси кога нема да возат работници ќе вршат бесплатен превоз на ученици, студенти, пензионери, спортски клубови и на други целни групи од Битола, Новаци и Могила.

ЕСМ пред неколку дена објави и тендер за набавка на помошна механизација за ископ на јаглен во РЕК, за што од буџетот се издвоени 19 милиони евра, сопствени средства со кои ќе се купшат 47 парчиња механизација. Менаџментот најави дека за 2020 и 2021 година се предвидени нови средства, првично 26 милиони евра за набавка на циклична механизација за рудникот Брод Гнеотино и во трета фаза да се набави друго што недостасува.

По празниците ќе биде објавен и тендер за реконструкција на електростатските филтри откако првата распишана јавна набавка за оваа намена пропадна во ноември годинава.

„За електростатските филтри беше поништена јавната набвка во делот на управната постапка. Ги искористивме овие два месеца да направиме темелна анализа на јавната постпка за да не ни се случи повторно истото и на почетокот на идната година јавната набавка ќе биде објавена. Сукцесивно ќе влеземе со реконструкција на електростатските филтри во 2020 , 2021 и 2022 година“, рече Златко Ќурчиевски, директор на РЕК „Битола“.

Оваа година ja завршуваат со 3158 гигават часа прозиводство што е натфрлување на планот за 7 проценти, односно натфрлување на производството од 2018 година за цели 24,5 проценти. Имено 2018 година ја завршија со производство од 2557 гигават часови.

Ж.Здравковска

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани