АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Се пензионира Снежана Ивановска ангажирана во битолските градинки како музички педагог. Снежана за многу генерации дечиња кои своите претшколски години ги поминаа во некои од битолските градинки е „тетката“ која ги подучуваше на музичка култура, која им свиреше на пијано, ги пратеше додека тие пееја и ги водеше детеските хорови. Многу гушкање и искрени прегратки Ивановска споделила со нашите деца.
Денеска искрена честитка за нејзното пензионирање сподели и директорката на градинките „Мајки цвет“
-Честито и среќно пензионирање. Твоето неуморно и полно со љубов работење во битолските градинки остави неизбришан печат. Твоите музички творби, голем дел твои авторски дела, се носат во детските спомени и уште долго ќе ги исполнуваат твоите колешки во часовите по музичка култура. А во градинките ,,Мајски цвет" си запаметена вечно како автор на нашата химна.Ти благодариме за твојата љубов кон сите деца од нашиот град.Ти припаѓаш во оние што се ретки. Среќно пензионирање!, напиша Тодоровска.