2win800x200

Ноќе се пали, дење се е чисто

Јануари 30, 2020

Ноќе се пали отпад, се горат ново сечени дрвја од околните ридови и се се уништува, а дење се е чисто и средно. Ваква е сликата на битолската обиколница речиси секој ден последниот период. Несовесни лица од населбата Баир под мостот кај обиколницата овие денови речиси секоја  вечер трупаат и палат отпад на самиот асфалт, а има и ноќи кога сечат цели дрвја и ги палат покрај банкините на обиколницата. Сликите се очајни, а на ваквата ситуација единствено му пркоси професионалната и неуморна работа на вработениот во ЈКП Комуналец Мирсад Мухединов. Мирасад од минатата година како вработен во ЈКП Комуналец е задолжен исклучиво за  одржување на чистотата на обиколницата која со години наназад беше во очајна состојба во секој поглед. Големи се напорите на Мирсад буквално секој ден да ги нормализира состојбите на обиколницата, да ја остави чиста и средена без отпад и остатоци од изгаснатите огнови. Тој не се жали од работата, но го револтира самата ситуација во која безредието царува секоја вечер.

мирса

-Воопшто не се жалам  што ќе морам секој ден одново и одново да исчистам, но размислувам, ваквите ситуации колку ни штетат и можат да ни наштета на сите нас. Замислите да треба да помине возило на брзата помош со болен човек на кого животот му зависи од секунди, а патот е препречен од изгорени стебла или расфрлан отпад, тоа е ужасно. Ќе биде катастрофа, и кој ќе одговара? Секој ден од рано наутро со вреќи ѓубре собирам. Ноќе овде се пали ѓубре , гуми,  се се расфрла и блокира, вели за Апла. мк вработениот во ЈКП Комуналец Мирсад Мухединов. 

И битолчани со огорченост реагираат  на социјалните мрежи на ваквите ситуации и слики кои повторно и повторно се практикуваат на битолската обиколница, па отворено го поставуваат прашањето каде затаиле надлежните институции. Каде е интервеницијата на полицијата и соодветните инспекциски служби, зошто и до кога ќе се толерира ваквата слика. 

ден 1

ноке

ццц

А.Б

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани