АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Владимир Роме, е новиот ве-де директор на средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ во Битола. Тој на оваа позиција доаѓа од редот на професорите и е надпартиско решение.
Роме е дипломиран електротехнички инженер и од 1999 година е професор во Техничкото по електро група предмети.
Тој доаѓа на местото на Драган Стојановиќ од ВМРО-ДПМНЕ, на кого денеска му истече мандатот. Пред него на директорската позиција беше Ѓеорги Ташковски, исто така кадар на ВМРО-ДПМНЕ, кој заедно со ексградоначалникот Владимир Талески и уште 22 други директори на училишта и транспортери е обвинет во судскиот предмет „Транспортер“, за криминал тежок 360 илјади евра.
Техничкото училиште не е со блокирана сметка, но изминатата недела по интервенција на градоначалничката Наташа Петровска заради неплатени сметки кон ЕВН беше издејствувано да не му биде исклучена струјата.