АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Боровиот четник со години ги јаде иглолисните насади во Битолско. Оние борови што ги преживеаја катастрофалните пожари од пред повеќе години сега се нападнати од боров четник. Снегот и ниските температури деновиве не успеаја да го уништат инсектот кој претставува голем опасност за боровите насади кај нас. Дури и на снегот во ридовите покрај магистралниот пат што води од Битола за Ресен на боровите и елите можат да се забележат големи бели влакнести ќеси што висат надолу од гранките. Од нив се развиваат гасеници кои ги уништуваат вршките од боровите гранчиња.
Четникот ги има сардисано битолските околни ридови и подножјето на планината Баба. На едно стебло се наслени повеќе гасенични гнезда, а во едно живеат од 70 до 300 гасеници. Можат да се уништат со авионско прскање со специјален препарат. Најпогоден период за неговото сузбивање е крајот на август и почетокот на септември. Тогаш треба да се очекува да се направи едно авионско третирање со биолошки перепарати кои ќе извршат сузбивање на боровиот четник за што треба да се обезбедат средства.
Ж.З.