2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

И СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ ВЕТУВААТ ДЕКА ЌЕ ИЗГРАДАТ АВТОПАТ ОД БИТОЛА ЗА СКОПЈЕ

Февруари 19, 2020

Битола сѐ уште нема автопат до Скопје. Предизборните ветувања за престојните предвремени парламентрани избори почнаа токму од изградба на ваков автопат. И Заев и Мицкоски најавија дека Битола атопатски ќе ја поврзат со метрополата. Битолачни за Скопје патуваат по три и повеќе часа на лекарски преглед, хемотерапија, студирање, по докумемнтација, работа и други обврски. Од Битола до Велес патуваат по магистрални, регионални патишта и преку превојот Плетвар каде при метеж се вози многу бавно, а досега и најголемиот број на сообраќајни несреќи на патниот правец Битола –Велес се случиле таму.

Досегашната власт во 2018 година најави дека ќе изгради автопат од Битола до Прилеп кој ќе се надоврзи на веќе отпочнатиот инфраструктурен зафат Гардско-Дреново, по што од Прилеп до Градско ќе се вози по експресен пат. Лидерот на СДСМ Зоран Заев синоќа најави дека идејното решение за автопат од Битола до Велес е готово.

„Идејното решение за автопатско поврзување Велес-Прилеп –Битола е изготвено. Се работи за определба која што останува на државата во делот на автопатските решенија, би ја нарекол скоро единствена од ваков обем. Се работи за проект во вредност над 600 милиони евра. Имајќи во предвид дека Источна Македонија е автопатски решена, Западна Македонија ја решаваме со патот Кичево-Охрид и проширувањето продолжува Кичево-Гостивар и останува централниот дел на нашата држава кој не е важен само за Прилеп, туку и за Битола, Ресен и Охрид“, порача Заев.

Лидерот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски најави дека ако ја добијат власта ќе изградат автопат од Битола за метрополата. Во својата најава не испушти да каже дека Битола е од стратешко значење.

„Ќе изградиме автопат по кој од Скопје за Битола ќе се патува за час и половина. Ова значи ново автопатско поврзување од Велес-Чашка-Прилеп па се до Битола, која е од стратешко значење за Пелагонискиот крај и еден милион граѓани. Ќе го изградиме се она што е започнато, автопатите кои ги започна и предвиде Владата на ВМРО-ДПМНЕ т.е. автопатот Кичево –Охрид и Скопје – Балце. Се обрзуваме за обнова која ќе донесе 2 милијарси евра инвестиции во паришта завтопати, експресни патишта и регионални“, рече Мицкоски.

Очигледно Битола ќе биде високо поставена во предизборната агенда на двете парти. Не попусто се вели дека оној кој ја добива Битола, ја има и власта.

Ж.З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани