2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Техничкото училиште ги отвори вратите за соработка со германското стопанство

Февруари 19, 2020

Техничкото  училиште СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ од Битола беше домаќин на претставници на делегацијата на германското стопанство во Република Северна Македонија, Патрик Мартенс – директор на Делегацијата, Дејан Чуповски – проектен менаџер за дуално стручно образование и Вера Јовчевска – проектен асистент за дуално стручно образование.

Целта на нивната посета беше официјализирање на соработката која Техничкото училиште ја има во делот на дуалното стручно образование. Во таа насока беше потпишан меморандум за соработка помеѓу директорот на Делегацијата на германското стопанство Патрик Мартенс и директор Владимир Роме.

На средбата присуствуваа и претставници од компанијата Кромберг и Шуберт со која од оваа учебна година, училиштето  партнерски го имплементира образовниот профил техничар за индустриска мехатроника. 

-Нашето училиште доби официјална идентификациона табла со која се потврдува дека сме партнерско училиште во кое се реализира дуално стручно образование. Покрај тоа, од делегацијата добивме и пет комплети на прирачен алат за образовните профили од машинска струка во вредност од 1125 евра, вели директорот на СОТУ „Ѓорги Наумов“- Битола, Владимир Роме.

86727591 3577739272301489 7840406380157599744 n

На состанокот присуствуваше и Владимир Костурски, претставник од локалната самоуправа кој беше запознат со сите активности во рамки на дуалното стручно образование. Сите инволвирани страни го изразија своето задоволство од досегашната соработка и најавија заедничка кампања при уписот за следната учебна година. Воедно, побарано е општина Битола да биде промотер на ваквиот тип на образование како еден од начините за надминување на проблемот со млад стручен кадар во нашиот регион.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани