2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Државниот просветен инспекторат констатирал неправилности при вработување во Високата медицинска школа

Декември 15, 2017

Утврденин се одредени неправилности при вработување во Високата медицинска школа во однос на стручноста и компетентноста во извршување на наставно научната работа, соопштија од Државниот просветен инспекторат за Апла.мк.

 

„ДПИ имаат преземено соодветни мерки и имаат донесено решение за отстранување на неправилностите, а постапката е во тек. По истекот на роковите, ќе биде извршен контролен надзор со цел да утврди дали се отстранети неправилностите“, ни одговорија од Инспекторатот.

Професори од Виоската медицинска школа со допис до нашата редакција се пожалија дека иако не било  обезбедено двотретинско мнозинство на седница на Наставно научниот совет, а конкурсот бил поништен од Државниот просветен инспекторат, направен бил обид незаконски избраниот наставник да се пријави во Агенцијата за вработување. Согласност за ова вработување, според професорите, била добиена последниот ден пред заминување на претходната Влада, а станува збор за блиска роднина на македонски дипломат.

На последната седница на Наставно научниот совет, дел од професорите не се согласиле со ваквиот избор, при што не било обезбедено потребното мнозинство на гласови.  Во дописот испратен до Апла.мк, професорите велат дека на Високата медицинска школа во Битола веќе подолг период се случуваат и други незаконски активности.

„Како врв на ова беззаконие е последниот избор на наставници за кои веќе беше поништен Конкурсот од страна на Државниот просветен инспекторат, на Седница на Наставнички совет одржана на 04.12.2017 год. без обезбедено двотретинско мнозинство на присутни што е основен законски предуслов за да се врши избор на наставници. Да е иронијата поголема, направен е и обид, незаконски избраниот наставник да се пријави во Заводот за вработување во редовен работен однос“ се вели во дописот до Апла.мк од професори на Високата медицнска школа.

Директорката на Високата медицинска школа, Доминика Рајчановска, деманатира дека во Високата медицинска школа има незаконско работење и вработување и рече дека подетално за случајот ќе се прозинеси во понеделник.  .

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани