АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Група професори од Високата медицинска школа во Битола го обвинуваат раководството за незаконски избор на наставник на оваа високообразовна установа на УКЛО.
Иако не било обезбедено двотретинско мнозинство на седница на Наставно научниот совет, а конкурсот бил поништен од Државниот просветен инспекторат, направен бил обид незаконски избраниот наставник да се пријави во Агенцијата за вработување. Согласност за ова вработување, според професорите, била добиена последниот ден пред заминување на претходната Влада, а станува збор за блиска роднина на македонски дипломат.
На последната седница на Наставно научниот совет, дел од професорите не се согласиле со ваквиот избор, при што не било обезбедено потребното мнозинство на гласови. Во дописот испратен до Апла.мк, професорите велат дека на Високата медицинска школа во Битола веќе подолг период се случуваат и други незаконски активности.
„Како врв на ова беззаконие е последниот избор на наставници за кои веќе беше поништен Конкурсот од страна на Државниот просветен инспекторат, на Седница на Наставнички совет одржана на 04.12.2017 год. без обезбедено двотретинско мнозинство на присутни што е основен законски предуслов за да се врши избор на наставници. Да е иронијата поголема, направен е и обид, незаконски избраниот наставник да се пријави во Заводот за вработување во редовен работен однос“ се вели во дописот до Апла.мк од професори на Високата медицнска школа.
По доставена претставка од професорите, Државниот просветен инспекторат во октомври, извршил надзор во работатат на Високата медицинска школа/ Предмет на контрола била конкурсна постапка за избор на наставен кадар, истот така, биле проверувани одлуки за промена на раководители на студиски програми, а бил извршен и надзор на број на запишани студенти, велат професорите. Инспекторите констатирале повреди во работењето на ВМШ и со решение поништиле дел од незаконските одлуки.
Реакција од група професори испратена до Апла.мк