2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Нов дефект на водоводната мрежа кај Црн Мост, екипите од Водовод остануваат на терен

Март 08, 2020

Нов дефект на водоводната мрежа кај Црн Мост во Битола се јави попладнево  и ќе го одложи пуштањето на водата. 

Директорот на ЈКП „Водовод“ Горан Козаров за Апла.мк соопшти дека стариот дефект од утрово е саниран, но при пуштањето на водата од хидрауличен удар и старите цевки се создаде уште еден дефект на кој веќе се работи.

Дефектот кој се санираше во текот на денот беше на улица „Ќирил Пејчиновиќ“ кај Скривниците, а новиот дефект што се појави попладнево е кај Црн Мост од другата страна на реката Драгор. Можно е и други делови од градот да останат без вода. 

Козаров вели дека вработени од ЈКП „Водовод“ на отстранување на дефектите работат од шест часот утрово . Тие остануваат на терен се додека не се санира состојбата. Поради дефектите на водоводната мрежа голем дел домаќинства од градот се без вода. Од „Водовод“ велат дека ги преземаат сите мерки за да се нормализира водоснабдувањето.defekt 2

defekt 3

Ж.З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани