АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолските угостители вчера ја испочитуваа забраната за работа по 18 часот, но денес преку ден повеќето од нив не ги разместија мастите за гости на растојание од 1,5 до 2 метри како што е наложено во задолжителните мерки од Владата за да се спречи ширење на коронавирусот. Во поголемиот дел од локалите во преградените простории масите и понатаму останаа прилепени една до друга, па посетителите пиеја кафе на мало растојание. Имаше и кафулиња кои ги оддалечија масите, но на пократко од пропишаното растојание. Широк Сокак со околните улички има триесетина угостителски објекти, од кои на прсти можеа да се избројат оние кои доследно ја испочитуваа мерката преку ден да работат со преполовен капацитет, а меѓу гостите да има дистанца од 1,5 до 2 метри.
Битолчани кои вчера не излегоа бидејќи локалите не работеа по 18 часот, преку ден нагргнаа по кафулињата и пицериите. Повеќето беа полни. Убавото време на Широк Сокак и по парковите намами да излезат многу родители со мали деца, како и распуштени ученици.
Ж.З.