АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Кафулињата на Широк Сокак, казината и кладилниците, сендвичарите на Шеталиштето, па дури и некои трговски објекти на главната битолска улица, вечерва целосно ги почитуваат мерките и препораките на Владата за спречување на ширењето на корона вирусот.
Работното време е до 18 часот, по што апла.мк направи обиколка, а фотографиите од центарот на градот сведочат дека сите овие објекти ставија клуч на врата.
Мала беше фреквенцијата и на пешаци по Широк Сокак, а група грчки дражавјсни наидоа на затворени казина, па љубопитно се распрашуваа за што се работи.
Празни се и затворените паркинзи низ градот.
Затворени се и кафетериите на безнските пумпи
Владата попладнево соопшти дека стануваат применливи членвите 205 и 206 од Кривичниот законик за сите физички и правни лица кои ќе ги прекршат решенијата донесени од Државниот инспекторат за труд и Државниот пазарен инспекторат, и истите ќе се процесуираат до Јавното обвинителство за да постапи согласно законски утврдени надлежности.
Членот 205 се однесува на пренесување на зарзан болест и овој член меѓу другото предвидува казна за оние кои не постапуваат по мерките за сузбивање на заразни болести.
„Тој што со кршење на прописи или наредби или некои други мерки за сузбивање или спречување на заразни болести кај луѓето или со вработување или држење на лице кое боледува од заразна болест, со вршење на полово дејствие или на друг начин, предизвика пренесување на заразна болест, ќе се казни со парична казна или со затвор до три година“, предвидува член 205 од КЗ.
Член 206 се однесува на непостапување според здравствените прописи за време на епидемија
„Тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. (2) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.“ се наведува во член 206 од КЗ
Владата ги задолжуваат Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд да ги преземат сите мерки и активности од своја надлежност за спроведување и операционализирање на сите мерки, препораки и насоки усвоени од Владата во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот (COVID-19).
Казни ќе има и за непочитување на забраната за сите масовни собири
Е.М