2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Нови 6 заболени од коронавирусот, се затвораат кафулиња, ресторани, казина, продавници, освен аптеки и маркети

Март 14, 2020

Уште шест лица се заразени од коронавирусот со што бројот на заболени се искачи на 18, соопшти вечерва министерот за здравство Венко Филипче, Петмина од нив се од Дебар и една заболена  е жена која синоќа се вратила од Шпанија, а за 51 патник кој патувале со неа во авионот е дадено решение за домашна самоизолација. Останатите шест тестирани не се позитивни на КОВИД 19. 

Поради новонастаната ситуација се воведуваат нови мерки за спречување на ширењето на вирусот.

Се затвораат сите  кафулиња, барови, клубови, казина, моловите, а ќе работата само  аптеките, супермаркетите и продавниците за храна. Сите угостителски објекти ќе работат на алтернативен начин, односно ќе може да работат со  нарачки и да вршат достава на храна.

 Се затвараат сите копнени гранични премини, со исклучок на Табановце, Деве Баир, Ќафасан, Богородица и Блаце. Се затвора и граничниот премин Меџитлија. Се забранува влез на странски државјани и од земјите со среден ризик. Се затвора аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид во рок од 48 часа од донесувањето на одуката. 

Од денес се забранува влез на странски државјани и од земјите со среден ризик, освен за оние за кои ќе даде мислење МНР. 

Владата го задолжи Минстерството за здравство на секој наш граѓанин кои доаѓа од странство да му овозможи да потпише документ за самоизолација.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани