2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Гимназијалец принудниот распуст го користи за искачување на врвот Пелистер

Март 14, 2020

Додека траат препораките младите да не одат на групни собири, гимназијалецот Пантелејмон Трпчевски, ученик од четврта година во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола, времето од принудниот распуст го искористи за уживање во природа. Тој вчера се искачи на врвот Пелистер и за нашата редакција испрати прекрасни фотогрaфии од незаменливата природа на Пелистер облеана со сончевина. Пелистер е место кое е недостижно за коронавирусот и грипот, а чистиот воздух лек за добар имунитет. 

„Во врска со новонастаната ситуација со коронавирусот, јас сум матурант од Горната гимназија и максимално го искористувам привремениот распуст на нашата најубава планина Баба...“, ни напиша Трпчевски.

Фотографиите од врвот Пелистер никого не оставаат рамнодушен. Материјалот изобилува со пејсажи од планински предели, изгрејсонца и заоѓања на врвот. Снегот наликува на песочна плажа покрај пладневното сонце.

Ж.З.

пп

пп2

пп3

пп4

пп5

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани