2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Разграбан лебот во Битола како да фаќа војна (Фото)

Март 15, 2020

Во најголемиот дел од маркетите во Битола, дури и во оние со поголем капацитет, разграбани се количините на леб. Рафтовите се веќе празни иако од продавниците кажуваат дека денес биле нарачани и поголеми количини.

Покрај лебот, се празнат и рафтовите со брашно, масло, млеко, јајца, тоалетна хартија, паштети, замрзна пилешко место, замрзнат пакован зелкчук...

mm5

mm

„Ова изгледа како да сме во воена состојба. Самата атмосфера нѐ вознемирува. Утрово влегувам во маркетот, а внатре десетици луѓе одбираат леб. Купуваат по пет-шест леба. Прво се трошат лебовите исечени на паркиња кои се спаковани и повеќе денови траат. А потоа нагргнаа и на векните леб, велат ќе замрзнувале ако треба. Дел од луѓето носат маски на лицето и ракавици и со тие ракавици одбираат леб, а претходно фаќале врати, пари, страв човек да го фати“, вели Милица Бојаџиева од Битола, жител на улица Илинденска.mm2

Ништо подобро не е ни во маркетите во месноста Бела чешма.

„Отидов в продавница да купам млеко за децата , пред мене гледам една госпоѓа која цел град ја знае за угледна, награбала десет млека. Ѝ реков ‘аман оставете едно, децата ќе ми останат денес без млеко’. Продавачките на купувачите им велеа: ‘Oставете нешто и за нас’ ‘, вели Љубица Митревска, жител на улица „Цане Василев“.

При нашата обиколка на најголемите маркети во градот, забележавме дека празни се и рафтовите со леб во супермаркетот „Веро“ над Болницата. Скоро испразнети беа рафтовите со брашно, тоалетна хратија, замрзнат зеленчук и месо.mm3

Од „Кам“ маркетот вчера објавија апел да не се претерува во набавките и купувачите да се ограничат на набавка на неделни количини.

„Со таков начин на пазарување само се доведува во прашање рамномерното снабдување на секој од вас. Бидете солидарни и со купувачите кои ќе дојдат после вас. Доколку процесот на снабдување не можеме краткорочно да го обезбедиме ќе бидеме приморани и краткорочно да ги затвориме маркетите со цел да направиме надополна на истите со стока“, пишува во соопштението на „Кам“.mm4

Надлежните во повеќе наврати апелираа да не се купуваат залихи храна зашто процесот на производство и снабдување не е нарушен. Но, очигледно кај дел од наслението владее паника, па реши да се снабди со прехрамбени продукти и тоалетна хартија како да сме во воена состојба.

Продавачите велат дека викендов е забележана навалица и на купувачи од околните села кои доаѓаат во Битола да се снабдат со храна.

Редакција „Апла“

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани