2win800x200

Дезинфекција во РЕК и ФОД, производството на струја тече непречено

Март 16, 2020

Во РЕК -Битола непречено тече производството на електрична енергија. Во најголемиот енергетски комбинат во Битола се врши дезинфекција на работните простории и возниот парк, обезбедени се заштитни маски и ракавици за сите вработени . Поставени се и информативни табли за заштита од корона вирусот. 

„АД ЕСМ и Рек Битола во целост се придржуваат на сите препораки од Владата и Министерството за здравство. Производството на струја се реалзиира согласно нашите годишни планови. Немаме никакви застои во делот на работата. Нормално, се вршат соодветни преспределби на работното време кај вработените. Оние наши вработени кои во моментот не се неопходни за работниот процес се упатуваат на отсуство, односно годишни одмори, се врши ротација. Не очекуваме проблеми, гарантираме дека производството на електрична енергија ќе се остварува согласно зацтаните планови“, рече Златко Ќурчиевски, генерален директор на РЕК „Битола“.  rek44 

Од Службата за техничка сигурност велат дека се преземени сите мерки за заштита на вработените од вирусот. Уште при влез на самата капија има средства за дезинфекција на рацете, а се делат и заштитни маски и ракавици. Забранет е влез на други лица.   

„Службата за техничка сигурност максимално се подготвува да се справи со таканаречениот коронавирус. Максимално ја пратиме целата ситуација, 24 часовно функционираме во однос на активностите што се наши задачи, пред се безбедноста и здравјето на вработените во РЕК Битола. Почнувајќи од информативните табли каде има информации како да се заштитиме сите ние што сме присутни во РЕК, потоа обезбедени се материјали за дезинфекција на рацете, работните простории, тоалети, а се врши и дезинфекција на возниот парк и работните прострории, обезбедени се маски, ракавици   и се она што е потребно благодарение и на Синдикатот на АД ЕСМ и РЕК Битола кои максимално се вклучуваат во оваа акција бидејќи средствата што ги плаќаат вработените сега на еден начин да се искористат за да се заштити нивното здравје. Нашата служба прима и инфомрации за луѓе наши кои патувале во странство или нивни блиски патувале. Ја следиме ситуацијата и досега во нашата компанија немало случај на заболен од корона вирус„, рече Кире Климевски., од Службата за техничка сигурност. 

Денес пред РЕК имаше редаица автомобили. Најголемиот дел од вработените дошле на работа со сопствени возила за да не патуваат во поголеми групи во автобус.

Мерките за дезинфекција и заштит ан ФОД продолжуваат.

„Сите мерки кои се донесени од Владата и Министерството за здравство како и одлуки на АД ЕСМ ние ги почитуваме во целост. Поделени се навремено и заштитни ракавици и маски  за вработените и средства за хигиена, сапуни за дезинфекција. Ситуацијата е под контрола. Во текот на вчерашниот и денешниот ден вршиме дезинфекција на рабвотните простории, хали, сите вработени околу 32 кои по некој основ дали чување на дете помало од дест години или хронична болест ги ослободивме навремено од работните обврски. Работници кои допатуваа од странство се исто така ослободени и пријавени во Заводот за  здравствена заштита , ситауцијата е под контрола“, рече Менде Тасевски, директор на ФОД.  

Засега немаат проблем со транспортот на репроматеријали, има најава дека она што треба да пристигне од Кина, можеби ќе доцни, но засега се е во рамките на договорите за испорака. 

rek 1

rek 2

rek 3

rek 4

Ж.З

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани