2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Битолчанец во првите редови меѓу лекарите во кризното жариште во Дебар

Март 25, 2020

Д-р Вангел Нечевски, битолчанец кој работи на Клиниката за пулмологија и алергологија во Скопје, деновиве е напомош на тимот лекари кои се во кризното жариште во Дебар, град кој засега е единствен во државата што е во карантин. Нечевски заедно со неговиот колега Зекири Шаини, се огласија преку фб профилот на Лекарската комора и порачаа:

„Сограѓани, ситуацијата е сериозна. Пикот допрва нè чека, а каков ќе биде, зависи од сите нас! Сè ќе помине добро ако се почитуваат мерките. Почитувајте ги мерките! Седете дома! - апелираат докторите.

Непосредно по прогласување на Дебар за жаришна зона од инфекција со Ковид-19, на самото место, во помош на малкубројниот тим од двајца локални инфектолози и еден епидемиолог, покрај другите, дојдоа и проф. д-р Миле Босилковски од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и д-р Вангел Нeчевски и д-р Зекирја Шаини од Клиниката за пулмологија и алергологија.

Работата во Дебар се одвива во две смени, вклучувајќи ги и викендите.

- Секојдневно се контролираат веќе дијагностицираните пациенти со Ковид-19, кои се со лесна и средно тешка клиничка слика, и се обавуваат прегледи на симптоматски пациенти на кои им се зема брис и се третираат според потребите. Секојдневните прегледи се извршуваат амбулантски во Општа болница - Дебар или се оди во домашна посета. Брисевите се праќаат во Скопје и секојдневно се добиваат резултати. Пациентите кои се со тешка клиничка слика или имаат акутно влошување, итно се праќаат во Скопје, превентивно да не ескалира нивната состојба, знаејќи го можниот непредвидлив тек и можната дестабилизација на состојбата што може да ја приреди вирусот - велат докторите.

Тие велат дека медицинските лица во Дебар добиваат соодветна опрема за заштита и безбедна работа со заразени пациенти, според потребите и барањата. Во постојана комуникација се со директорот на болницата, д-р Баки Алили, кој им помага во работата и воспоставува добра логистика.

-Колеги, медицински лица, секогаш носете заштитна опрема со кој било пациент. Да имаме сила и трпение да ги прегледаме сите пациенти и да им објасниме за сериозноста на состојбата, како и мерките кои мора најсериозно да ги почитуваат. Најважен дел е да водите сметка за тоа како се става, како се раководи и како правилно се вади и одлага опремата. Да се чуваме сите заедно! Се гледаме наскоро - порачуваат докторите од Дебар.

Е.М.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани