АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Техничкото училиште се вклучи во процесот на изработка на визир маски потребни за вработените во јавните и приватните здравствени установи од градот во овој толку сензитивен период на пандемија со корона вирусот.
Во градот постојат околу 5 активни 3Д принтери кои се вклучени во оваа солидарна и чисто хумана акција, а еден од тие принтери е и оној што Техничкото училиште го доби минатата година како грант во износ од 250000 денари од Фондот за иновации и технолошки развој.
Од денес Техничкото училиште го вклучува и и вториот 3Д принтер со кој располагаат, што е исто така донација добиена од „3D&Gaming M3DS“ од Скопје со што во овој процес на изработка на визир маски ќе се вклучат со два 3Д принтери.
„Во производството на визир маските од наша страна активно е вклучен професорот Илче Ацевски како и двајца наши поранешни ученици Благој Стојчевски и Горан Веловски. Во текот на денешниот ден со наши сопствени средства и средства на ‘Бабук’ од Битола обезбедивме материјал виралит кој е доволен за изработка на 1000 заштитните маски. Материјалот се очекува да пристигни утре и веќе да се пристапи кон комплетирање на заштитните маски“, рече директорот Владимир Роме.
Визир маските ќе бидат наменети за здравствените работници во градот кои во моментот се најзагрозени од можноста за инфицирање со COVID 19, пред се матичните лекари кои се на првата линија на комуникација со болните лица, а потоа и сите останати.
„Искрено се надевам дека нашиот пример заедно со Бабук ќе го следат и други општествено одговорни фирми од градот и ќе се вклучат во овој процес на обезбедување репроматеријали со цел да се произведат што е можно поголем број на заштитни маски како би им помогнале на што поголем број здравствени работници во градот и пошироко“, рече Роме.