АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Половина милион евра следната година општина Битола ќе издвои за спортот, што е рекордна сума во планирани средства од Буџетот, рече претсдателот на Советот, Валентин Груевски. Исто така следната година ќе се издвојат 1,3 милиони евра за стадионот во Битола.
-Ќе се потрудиме да ги поставиме и монатажните трибини зад головите, со што ќе заокружиме еден серизоен и скап проект, но неизбежен дел од битолската спортска иднина, рече Груевски.
Се планира и реконструкција на спортската сала „Младост“ во Битола, со што, како што рече Груевски ќе се овозможи да се одигруваат и меѓународни натпревари.
Информираше дека долговите кон спортските клубови, општината целосно ги подмирила.
-Денекас се исплатени последните пари за оваа година, и кошаркарите и ракометарите си ги добија платите за месец ноември, а долгот кон фудбалскиот клуб е исплатен, со што општината не должи ни денар на спортските клубови, рече Груевски
Тој рече дека до Нова година треба да се избере нова управа во кошаркарскиот клуб „Пелистер“, а амбициите на локалната самоуправа се клубот да остане во првата лига.
Утре пак ќе се состане и управниот одбор на ракометниот клуб. А Груевски најави и враќање на ракометни битолски легенди и реафирмирање на ракометната школа.
-Првата работа што треба да ја направиме е да видиме каде сме и колку вредиме, па потоа да размислуваме за посериозни достигнувања, рече Груевски.
На крај, Груевски посвети време за како што рече, најболната точка во моментот-фудбалот.
-Ја разбираме загриженоста на фудбалските вљубеници за сегашната состојба во фудбалскиот клуб. На јавноста мора да и се јасни неклоку факти. Општина Битола е акционер со само 25 проценти и за 2017 си ги има подмирено сите обврски. Според наши сознанија клубот во моментот должи околу 215 илјади евра. Има и судски спор со кој мнозинските акционери од општина Битола побаруваат 100 илјади евра кои никако не можеме да ги исплатиме, по ниту една основа, се додека не заврши судскиот спор. До мнозинските акционери имаме две официјални понуди-не е добро клубот да се остави во ваква состојба и им порачуваме до крај да ја завршат сезоната, па потоа да ги остават акциите. Ако тоа не го сакаат, нека ги расчиста сите долговии нека ни го вратат клубот. Доколку тоа го направат и го остават клубот со чисти сметки, спремни сме да го преземем раководењето и финасирањето на фудбалскиот клуб. Немаме намера клубот да го испраќаме во втора лига, да го уништуваме, сакаме само да го преземеме со чисти сметки. Битола има сила и фудбалски луѓе и навивачи кои ќе му помогнат на клубот. Спремни сме да обезбедиме и финансии и стручност за клубот да продолжи да се натпреварува, рече Груевски.
Тој додаде дека ја очекуваат поддршката од навивачката група „Чкембари“ а, како што рече, локалната самоуправа ќе се оддложи со чесно работење и максимална поддршка на нивните миленици.