2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Короната ги „спаси“Талески и Бончановски од Шутка

Април 01, 2020

Корона кризата го одложи спроведувањето во Шутка на екс градоначалникот на Битола Владимир Талески, кого вчера советот во Кривичниот суд на чело со судија Добрила Кацарска го осуди на казна затвор во траење од 8 години. Покрај Талески и поранешниот секретар на Општина Битола Слободан Бончановски  кој доби казна од 6,6 години затвор нема веднаш да оди во притвор, како што е праксата за повисоките казни од пет години. 

На предлог на обвинителот Трајче Пеливанов, Талески од денеска е  во домашен притвор. Пеливанов предлогот го објасни со тоа што во државата е воведена вонредна состојба поради пандемијата со корона вирус и на сила се мерки од владата кои подразбираат и полициски час. Но, и поради опасност од загрозување на здравјето на осудените лица во затворите, каде нема ниту еден заразен со коронавирус.

Талески и 20-темина осудени во случајот „Транспортер“ се неправосилно осудени и имаат право на жалба до Апелациониот суд Скопје. Но, жалбата во неговиот случај, како и на осудениот соработник од општина Битола  Бончановски кој доби затворска казна од 6 години, не ја одлагаат мерката притвор. 

Сите 21 обвинети, се осудени првостепено за злоупотреба на службената положба и овластувањата со превоз на основци и средношколци на територијата на општина Битола, кои добиле на тендер кој бил незаконски. Осумтемина условно осудени тогашни директори на училиштата прифаќале бланко фактури од 11 превозници кои си допишувале суми над договорената вредност и ги препраќале до општината. Општината им исплаќала колку што побарувале и сите заедно го оштетиле буџетот во износ од 34 милиони денари или 560 илјади евра, кои, според пресудата, ќе мора да ги вратат.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани