2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

БОНЧАНОВСКИ СУСПЕНДИРАН ОД РАБОТА

Декември 21, 2017

Суспендиран од работа е екс секретарот на Општина Битола, а сега  раководител на Секторот за финансии, Слободан Бончановски, еден од обвинетите во случаите „Транспортер 1 и 2“.

Од Општина Битола ја потврдија информацијата и велат дека Бончановски е суспендиран според  член 80 од Законот за административни службеници. Според овој член, административен службеник може да биде суспендиран од институцијата кога против него е покрената кривична постапка за кривично дело сторено на работа или е во врска со работата.

За потсетување, Бончановски во случаите „Транспортер“ кои ги води СЈО е обвинет заедно со поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, за злоупотреба на службената положба која ја сториле при организирањето на бесплатниот школски превоз за учениците кој се спроведувал по цени повисоки од реалните.

Бончановскивеќе не доаѓа на работа во Општината, а понатаму ќе зема само процент од досегашната плата.

Од Општина Битола велат дека Бончановски е суспендиран откако добиле известување од СЈО за тоа кои од вработените во Општината се кривично гонети.

zakon za drzavni sluzbenici

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани