АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
38 македонски државјани вратени од странство од вчера се сместени во карантин во хотелот ,,Широк Сокак" при Епинал, потврдија од СВР Битола за Апла.мк.
Нашинците од странство допатуваа со лет од Брисел до Скопје.
Претходните 46 лица, повратници од Малта кои беа сместени во Епинал, по 14 дена минати во карантин си заминаа за дома каде уште две недели ќе бидат во изолација.