2win800x200

Го тепале со чекан и го сечеле со нож и жилет, а потоа му турале сол и парфем на раните

Април 13, 2020

Основното јавно обвинителство Битола денеска поднесе Обвинителен акт против две лица кои во периодот од 13.12.2019 до 15.12.2019 заедно договорени, како соизвршители,  со намера за себе да прибават противправна имотна корист,  сториле по едно кривично дело „Изнуда“. Еден од обвинетите се товари и за сторено кривично дело „Лажно пријавување кривично дело“.

Обвинетите го држеле оштетениот затворен во стан во Скопје каде со употреба на сила го соблекле гол од половина нагоре, го тепале со тупаници по главата и телото, го удирале со тапиот дел од чекан и со метална шипка по главата, го пресекле со нож на левата рака и со жилет по грбот, по што му ставале сол и парфем на раните. Обвинетите на жртвата и нанеле тешки телесни повреди изразени како нагмечување, скршеници и крвна подлиеност во пределот на главата и телото. Обвинетите воспоставиле со родителите на жртвата телефонска комуникација од телефонот на оштетениот, а потоа и видео повик за време на кој повторно го тепале видно повредениот оштетен. Тие ги присилиле родителите на оштетениот на штета на својот имот да им дадат паричен износ од 1600 евра, како прв дел од вкупно 40 000 евра. Мајката на оштетениот ги донела побараните парични средства во Скопје и како што и било кажано, ги оставила во паркираното возило на нејзиниот син.

Со поднесениот Обвинителен акт, Основното јавно обвинителство Битола,  еден од обвинетите го товари и за лажно пријавување на кривично дело, бидејќи на 15.12.2019 година, во 21:00 часот во просториите на СВР Битола, обвинетиот откако бил предупреден на последиците од лажно пријавување на кривично дело, лажно пријавил дека спрема него како оштетен е сторено кривично дело „Разбојништво“ и кривично дело „Противправно лишување од слобода“, за кои гонењето се презема по службена должност. Тој  навел дека помеѓу 12.12.2019 година и 15.12.2019 година бил жртва на двете кривични дела извршени наводно од првообвинетиот и уште две лица, иако знаел дека такви кривични дела не биле сторени спрема него, туку дека во периодот од 12.12.2019 година до 15.12.2019 година во наведениот стан во Скопје, самиот тој заедно со првообвинетиот учествувал во извршување на кривично дело „изнуда“ спрема вистински оштетеното лице.

Јавниот обвинител кој постапува во предметот до судот денеска достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор, сметајќи дека доколку обвинетите се на слобода ќе имаат непречена можност да го попречуваат водењето на кривичната постапка и утврдувањето на фактичката состојба со влијание врз сведоците, дека постои можност да го повторат кривичното дело, како и да се дадат во бегство.​

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани