Здравко, Минела, Марија, Ана, Даријан, Теодор, Бисера...се дел од 100 те новороденчиња донесени на свет од почетокот на март до денес во Гинеколошко-акушерското одделение во Клиничката болница во Битола.
-Успешно завршена работа на првиот тим
на одделот за Гинекологија, Неонатологија и Анестезија при Клиничка болница Битола. Единствена точка водилка безбедно мајчинство, само спроведени протоколи носат безбеден и успешен крај, велат за апла.мк од битолската Клиничка болница.
Сите овие породувања се успешно извршено во исклучително сложени услови, во време на вонредна состојба поради пандемијата со КОВИД-19, што е причина повеќе за сериозен предизвик на тимот кој на свет донесоа 100 здрави бебиња за месец и половина