2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Зачувана е икона на Богородица стара 170 години од приватниот музеј „Вагнер Лала“

Април 17, 2020

Во Завод и музеј во Битола се чува вредната икона „Богородица живоносен источник“ од оригиналната збирка со артефакти на приватниот битолски музеј „Вагнер Лала“ кој постоеше до пред 20 години во сопственост на познатото битолско градско семејство Лала. Битолскиот Завод и музеј пред три години вложи 18 000 евра за да ги откупи експонатите од семејството,па ја реставрира и конзервира оваа вредна икона стара 170 години.

Иконата се смета дека била насликана во 1850 година од врвните мајстори Ѓорги и неговиот син Емануил од селото Селце, чие дело се и иконите во катедралниот храм „Св. Димитрија“ во Битола. Таа долго време ја красела гостинската соба од приватниот музеј „Вагнер-Лала“ во Битола. Приказната за врската на ова семејство со прочиениот германски музичар Рихард Вагнер започнала во 19 век кога Димитрие Лала, битолчанец со голема музичка наобразба во Виена и други европски градови бил негов близок соработник.лала 1

 

Недокажани претпоставки дека Рихард Вагнер преноќил во Битола

Димитрие Лала работел како капел мајстор на Рихард Вагнер, во времето кога тој ги изведувал неговите импозантни дела во познатиот Бајројтски театар. Во 1876 Димитри Лала се вратил во Битола, се занимавал и со ктиторска дејност. Во црквата во Долно Чарлија била исто така откриена престолна икона со Исус Христос на која бил потпишан токму Димитриј Лала. И црквата таму била помогната од семејството Лала кое во тој дел имало големи земјишни поседи.лала 3

Постои претпоствка дека Вагнер заедно со Франц Лист една вечер преноќиле во куќата на Лала во Битола, но досега овој настан не добил научна потврда. Сите раскажувања од тоа време и стари артефакти, мебел, икони, фотогрфии ги зачувал синот на Лала, Петар Петров. Тој во 1965 година го отворил приватниот музеј во центраот на Битола веднаш до градскиот часовник. Музејот опстојувал неполни 40 години, а по смртта на Петров во 2004 година , неговата ќерка Катерина Јовановиќ на битолскиот Завод и музеј им ја понудила на продажба збирката артефакти. Најмногу натегања имало околу иконата која сакала да ја задржи како семејна реликвија. На крај Музејот ја откупил за 5000 евра.

Иконата е сликана на дрвена штица од темперна техника со голема употреба на позлата. Има димензии од 81 со 55 сантиметри. На неа е претставена голема триделна четирилисна фонтана која конусно се издигнува во просторот со елегантни елементи од кои истекува вода од сите страни. Преовладува сигурен цртеж, цврста збиена структура, коректно поставена композиција со преспектива која ги напушта старите византиски начини на преставување и се вклопува во новите бароктни елементи застапени во 18 век.

Култот за светата вода на Богородица во Цариград

Иконата на Света Богородица со епитетот живоносен источник е симболична композиција со која се прославуваат чудата на Богородица околу манастирот лоциран пред ѕидините на Константинопол во близина на познатата Злавна порта. Според легендата таму имало и света вода, а успеале да ја пронајдат благодарение на гласот на Богородица.

На оваа икона насликани се императорот Лав Велики заедно со светшеното лице кое прогледало од водата, момче од Таркија кое оживеало од таа чудотворна вода и други претстави. Овој култ на Богородица кај нас почнал да се слика првенствено во манастирот Лесново од 1349 година.

Ж.З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани