Уште двајца позитивни на КОВИД-19 во Битола, вкупно 17 заразени
Април 18, 2020
Двајца новозаболени се регистрирани денеска во Битола, со што вкупниот број на заразени е 17
Во болницата во Битола се хоспитализирани 12 пациенти потврдени и суспектни на вирусот, од нив 3 се на кислородна поддршка. На 5 пациенти (3 на болничко лекување и 2 кои се лекуваат во домашни услови), по првиот негативен тест, вчера е земен и втор контролен брис. На домашно лекување се следат уште 13 пациенти.