АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битола не памети ваков Велигден. Наместо вообичаено полните улици за време на големиот христијански празник, тие останаа празни. Поради карантинот за време на празникот верниците останаа по своите домови. Молкна празничниот уличен џагор, а одекнуваа само црковните камбани и богослужбите. Во некои маала празничните денови битолчани ги минаа со песни по балконите, други правјќи скара по дворовите. Сепак, сите останаа спотени со најблиските во своите домови.