2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Полициски час во работни денови од 19 часот, а за викенд од 13 часот- предлог за попуштање на рестриктивните мерки

Април 21, 2020

Најновите анализи и проекции покажуваат дека се создадени услови за благо релаксирање на рестрикциите за движење на сметка  на подигање на мерките на лична заштита, рече министерот за здравство Венко Филипче. Предлозите ќе се разгледуваат утре на седница на Влада, а предвидуваат полицискиот час во секој работен ден да почнува од 19 часот наместо во 16 како досега. За возрасните граѓани времето на движење да биде наместо од 10 до 12 часот од 8 до 12 часот, понатаму продолжување на периодот на младите од 13 до 16 часот. Предлог е полицискиот час да почне во сабота во 13 часот и да заврши во понеделник во 5 часот наутро 

 „Останува збараната за групирање на граѓаните  и сите други мерки кои се во сила во однос на физичката дистанца, користењето на јавните површини и парковите. Се воведуваат нови задолжителни мерки на лична заштита. Граѓаните ќе треба да носат лична заштитна опрема на лице при движење во затворени објекти и на отворено во ситуација  кога нема да бидат во можност да одржат препорачаното растојание. Заштитната опрема треба да се носи при движење во сите јавни места маркети, продавници, банки, чекалници, здравствени установи, на пазар. Исклучок за носење на заштитна опрема на отворено се прави само кога лицето носи заштитна опрема на работа пропишана за работното место, престојува во двор на стамбена семејна куќа, вози велосипед или спортува на отворено, но ја држи потребната дистанца од 2 метри, при возење во патничко моторно возило со лица од домаќниство, рече Филипче.   

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани