2win800x200

Започна изградбата на заштитниот ѕид на обиколницата над Битола

Април 22, 2020

Започна изградбата на заштитниот ѕид на обиколницата над Битола. 

-Почна изградбата на заштитниот ѕид. Се работи на терен. ЈПДП изработи проектна документација за заштитна ограда на обиколница Битола и од вкупната должина на обиколницата (L=8 km), констатира дека има потреба за поставување на бариери на еден дел од обиколницата во должина од L=1,013 кm. Со поставувањето на звукозаштитни и заштитни бариери ќе се обезбеди сигурно и безбедно одвивање на сообраќајот на овој потег, потврдува  Валентин Груевски, претседател на Советот на Општина Битола.

Јавното претпријатие за државни патишта согледувајќи ја потребата за поголема безбедност и заштита на учесниците во сообраќајот и на локалното население во февруари годинава потпиша договор за изградба на заштитна ограда на обиколница Битола. 

Делницата на која е предвидено да се постават бариерите започнува пред почетокот на мостот до влезот на тунелот со тоа што на крајните делови ќе се постават ѕидови за да се спречи и поминување на пешаци.

Јавното претпријатие за државни патишта обезбедува услови на потребното ниво за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, соодветно на категоријата на патот, како и заштита на населението од создавање на прекумерна бучава поради близината на нивните куќи до патот.

Бариерата се предвидува да биде од бетон и гума,  според првичните најави од  јавното претпријатие. 

насл1

насл2

насл 3

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани