2win800x200

Битола доби нов светлосен крвоток (Видео)

Април 30, 2020

Завршено е прстенестото поврзување на Битола со современо ЛЕД осветлување. Поставени се 800 нови големи булеварски ЛЕД  светилки и уште толку мали. Битола доби осветлување од 70 лукса наспроти претходните 10 лукса што значи поголема социјална и сообраќајна безбедност. Трајноста на светилките е над 15 години, а низ повеќе места во градот не беа заменети 40 години.

„Го затвориме целиот крупен прстен како што ветивме, а ветивме дека до мај ќе биде затворен. До крајот на овој мандат ќе докажам дека општина Битола ќе има поинаков светлосен крвоток и дека тоа можело да се направи со поинаков пристап по кој општина Битола се разликува од другите општини“, рече градоначалниќката Наташа Петровска.

{YouTube}https://www.youtube.com/watch?v=0LpJQyFRueA&feature=youtu.be{/YouTube}

 

Прстенот на осветлување ги опфаќа следните делови од градот од Дулие до Педагошја, па низ „Партизанска“ до Технички факултет, Железничка станица, „4 Ноември“, покрај Карпош, Прилепска, па назад до Дулие. Осветлувањето на улицата „Партизанска“ е продолжено кон Брусничка населба,  влезот од Охрид и од страната на Грција поставено е исто така ново улично осветлување. Со нови светилки покриен е центарот на градот, па и помалите улички до Трета реонска и до Ат Пазар.  

Во следна фаза ќе се заменува осветлувањето низ малите улички околу „Васко Карангелевски“ и населбата Јени Маале. Замена се врши и на улица „Илинденска“. Планот е да бидат опфатени сите улици во градот и селата во општина Битола. Тоа се вкупно 11 000 светилки.

„Светилските кои сега ги менуваме натриумови, флуор, а посебно живините веќе во Европа не постојат. Не можат да се купат во продажба, забранети се. Ние нив ги заменувме и соодветно ги депонираме бидејќи нивното депонирање предизвикува и загрозување на животната средина. Новите големи булеварски ЛЕД светилки имаат во себе можност за самопрограмирање , во текот на ноќта 4 пати го менуваат интензитетот на осветлување. Прво со 100 проценти, па 50 проценти се намалува, па се зголемува посетепно на 70 проценти, па да се врати на крај на 100 проценти во раните утрински часови. Во наредниот период ќе ставиме и контролири во светилките за да може да се врши согледување каде има дефет и да не се чека граѓаните да пријават дефект и ќе може многу брзо да се реагира“, рече Панде Богоевски, директор на ЈП „Комуналец“’.

Одржувањето на уличното осветлување сега го врши Комуналец за разлика од претходната власт кога тоа го правеше приватна фирма. Промената која беше направена на предлог на градоначалничката Петровска досега донесе заштеда од 7 милиони денари кои ќе бидат вложени исто така во ширење на осветливањето низ општината. 

„Лоцираните средства на Општина Битола за осветлување од 13 милиони денари или над 210 000 евра се реализирани со што во делот за заштеда по основ на одржување имаме 2 милиони денари, а заштеда по однос на потрошувачки има 5 милиони денари што значи досега имаме заштеда од 7 милиони денари или на 113 000 евра. Целокупните заштеди од освелтувањето ќе бидат инвестирани во дошолнителни зафати во осветлувањето“, рече Петровска.

Ж.З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани