АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолчанец на 47 години, кај кого пред околу три недели му беше дијагностициран КОВИД-19, излечен од вирусот вчера починал откако ненедејно му откажале бубрезите. Според официјалната информација од Министерството за здравство како одговор на прашањето на Апла.мк, пациентот по првиот позитивен тест на КОВИД-19, двата последни теста направени деновиве биле негативни. Но, вчера тој иако бил префрлен во САРИЛ, поради влошување на здравствена состојба починал.
Во деталниот одговор од Министерството за здравство стои дека „кај пациентот на 25.04 по протокол земен брис и испратен за МАНУ, брисот е негативен. На 27.04 земен втор брис и истиот по протокол е испратен во МАНУ, се добива втор негативен брис. На 28.04 пациентот со два негативни бриса, по проценка на инфектологот излекуван од КОВИД, поради општата состојба се носи за дополнителни испитувања КТ на глава и КТ на пулмо. Пациетот е упатен на неврологија за невролошки преглед - пациентот бил свесен, контактибилен, соработлив и се жалел на укоченост во нозете и болки во истите како и неможност да се движи. Поставен е во соба и бидејќи е забележана крв во мокрачата викнат е уролог и е направена промена на катетерот и промивка. Бидејќи од страна на дежурниот инфектолог е планиран за испис од инфективно одделение за третман наКОВИД позитивни пациенти, после направениот невролошки преглед, пациентот е упатен на психијатрија за конзилијарен преглед. Пациентот на психијатрија станува неконтактибилен, фебрицира 38Тт, има тешко дишење, се следи хематурија и повикан е инфектологот, уролог и анестезиолог. Повторно се прави промена на катетерот, испирање, и поради состојбата се прима на САРИЛ во изолирана соба. Направени лабораториски испитувања кои одат во прилог на бубрежна инсуфициенција. Третиран по протокол на САРИЛ. Вечерта и утрото состојбата на пациентот е по-добра, тој комуницира, зборува но попладнето настанува влошување на состојбата, прави акутна бубрежна инсуфициенција и кардиак арест. Спроведена реанимација по протокол кај пациентот е неуспешна и истиот егзитира.
Консултирани епидемиолозите и нивен став е бидејќи пациентот е со два негативни теста за КОВИД е излекуван од КОВИД бидејќи смртта настапи после добивање на резултатите поради влошување на општата здравствена состојба, се вели во одговорот на МЗ за Апла.мк.
А.Б