АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 63 годишен битолчанец хоспитализиран со пневмонија посмртно му е потврден коронавирусот, потврди за Апла.мк директорката на Битолската клиничка болница Билјана Гагачовска. Пациентот бил хоспитализиран со пневмонија, но за многу кратко време додека траел приемот починал на Интерното одделение и бидејќи бил суспектен посмртно му е земен брис кој потврдил дека бил заразен од КОВИД-19. Овој случај денеска во извештајот на Министерството за здравство е заведен како нов случај на коронавирус во Битола.
-Веднаш по приемот во болницата за неполн час пациентот почина, а претходно преку матичен лекар епидемиолошки бил исфрлен од системот, во консултации со епидемиолог посмртно е тестиран и следниот ден резултатот покажа позитивен тест на КОВИД-19, вели директорката Гагачовска.
При приемот на пациентот во Болницата бил запазен целиот протокол , пацентот е примен сам во одделна соба, вработените медицински лица кои се погрижиле за него биле под целосна заштита и ниту еден од нив не е ставен во изолација, вели првиот човек на Битолската болница, Гагачовска.
Според процедурата земени се брисеви од семејството на починатиот.
Инаку дознаваме дека починатиот битолчанец неколку дена претходно имал сообраќајна незгода.
За случајот потврдија и од Министерство за здравство
-Пациентот по преглед од страна на инфектолог на возраст од 63 години бил хоспитализиран на интерното одделение во Битолската болница со пневмонија и бил сместен во соба за изолација.
Персоналот кој бил во контакт со пациентот бил со соодветна заштитна опрема, немал контакт со други пациенти бидејќи смртта настапила за помалку од час време после хоспитализацијата.
Епидемиолозите ги контактираат сите контакти на пациентот, а најтесното семејство односно двајца членови на фамилијата се тестирани вчера, за кои се чекаат резултати.
Никој од здравствениот персонал до овој момент не е поставен во изолација од страна на епидемиолозите бидејќи биле адекватно заштитени, стои во одговорот од МЗ за Апла.мк.
А.Б