2win800x200

Коските на комитите од Сугаревата чета останаа запретани под патот за Чукарите

Мај 06, 2020

И по 114 години од смртта, коските на дел од комитите од Сугаревата чета останаа распрскани низ патот кој денес води од битолското село Паралово до манстирот „Свети Ѓорги“.Таму лежат посмртните останки на шестмина храбри комити кои херојски загинале заедно со легендарниот војвода Ѓорги Сугарев во крвавиот бој кај Чукарите на 5 април 1906 година.

Шеестина години подоцна, кога се поставувала новата патна траса за манастирот, гробовите биле комплетно уништетни. На местото изграден е споменик за војводата, кој досега два пати се обновувал, а подоцна поставена е и спомен табла со имињата на другите загинати комити. За време на славата на манастирот вчера, многумина верници и почитувачи, на гробот на Сугарев, а и во манастирот запалија свеќа оддавајќи им почит. 

Комитите биле погребани под манастирот 

-Шесте гробови беа препуштени на забот на времето и на заборавот, па се распаѓаа. При градењето на новиот споменик за Ѓорги Сугарев во 1968 година, а особено при проширувањето и порамнувањето на патот до манастирот овие гробови сосема исчезнаа. Тогаш не се ископаа коските од запретаните гробови на комитите и не се преместија во заедничка гробница, - вели Здравко Божиновски, долгогодишен истражувач на делото на војводата Сугарев.

Според неговите истражувања, во борбата кај Чукарите загинала целата чета на Сугарев, освен еден комита. Четата броела 22 момци, а телата на мртвите комити кои биле од поблиските села ги зеле роднините. Останале уште шестмина од подалечни краишта и војводата. Нив под манастирот ги погребало локалното население зашто роднините или не можеле да стигнат ги земат телата или стравувале од понатамошна одмазда од турската власт. Гробовите се наоѓале на левата страна од патот, источно од сегашниот споменик на војводата. На секој гроб селаните ставиле камени плочи, а над главата на мртвиот војвода највисока плоча. Од тоа место биле ископани само коските на Сугарев уште во 1942 година и преместени во споменик подигнат неколку метри понастрана од стариот гроб.

Божиновски истражувајќи ја смртта на војводата разговарал и со синот на Стојан Угревски од Паралово, кој во тоа време ги преместувал коските на војводата. Од него дознал дека Сугарев во нерамниот број не бил убиен како што се верувало, туку си го одзел животот за да не падне жив во рацете на аскерот.

-Стојан Угревски бил задолжен да сошие вреќа од платно во која ќе ги собере коските за да бидат пренесени во споменикот. Тој забележал дека на горниот дел од черепот на војводата има голема дупка. Го завртил и од долната страна, забележал уште една помала дупка. Кога погледнал низ неа видел дека таа се поклопува со онаа од горниот дел и дека првата линија на отворот минува низ целата коскена структура на черепот. Му станал јасно дека тоа е влезно-излезна рана на черепот, односно дека станува збор за куршум од нагантот со кој Ѓорги си го одзел животот- вели Божоновски.

Сугарев прв македонски ревизор

Освен ова, истражувањата на битолските историчари покажале дека параловци не го предале војводата, иако тоа беше опејано дури и во песната. Имено, војводата кој ги гонел и ликвидирал предавниците, носителите на туѓите пропаганди, бил ревозор на касата на организацијата, паднал како жртва на такво предавство извршено до битолските врховисти на чело со Петре Лигушо, тогашен секретар на Битолскиот окружен комитет. Причината за предавничкиот чин била отворената критика упатена против нив од страна на Сугарев заради кражби и малверзации со паричните средства собрани за револуционерни цели.

„Додека ние се бориме, некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатства, велел Сугарев. 800 наполеони собрани во Битолско, наменети за купување чифлиг и згрижување на најбедните битолски семејства, завршија во џебовите на Петруш Американчето, кој со парите купи чифлиг, но тапијата ја извади на свое име. Јани Скајо си купи неколку продавници за леб, Никола Брашнарот неколку продавници за брашно. Никола Кожуварот и Миле Гајдаџијата даваа пари со лихва на луѓето кои заминуваа на печалба„се жалел војводата.

Огорчен од овие сознанија, тој ги известил членовите на битолското окружно раководство, односно актерите во паричните малверзации, дека ќе изврши ревизија на касата на организацијата. Им закажал и заедничка средба на која отворено рекол дека во окружното раководство има нечесни луѓе кои работат за лични интереси и дека физички ќе ги ликвидира. Еден од нив бил убиен дури и на самата средба од придружниците на Сугарев, откако со иронија му рекол на војводата дали од него бара некој одтчет за јајацата и кокошките што ги јадел по селата. По ова сите присутни панично се разбегале.

Историчарите раскажуваат дека старвот од заканите за ликвидација, ги натерало врховистите да се организираат и заеднички подготват ликвидација на Сугарев и неговата чета. За таа цел го искористиле малтретирњето на една грчка андартска чета врз населението во Мариово, и го повикале на помош војводата да помогне. Тогаш Петре Лигушо му испратил писмо на Сугарев во име на окружното раководство со кое побарал да тргне за Мариово, а дека по патот ќе му се придружи војводата Евстатиј. Со друго писмо пак, другиот војвода го повикал да дојде во Битола. По патот за Мариово, Сугарев за многу кусо посетил преку 15 села и формирал коњички ескадрон , односно секој борец кој влегувал имал коњ и оружје. Патувајќи влегол и во куќата на Нечо Кобиловски во село Горно Агларци, каде го чекал војводата Евстатиј, кој не дошол. Сугарев без да знае дека јаде, пие и разговара со својот крвник го открил патот по кој ќе се движел низ Мариово. Откако заминал Кобиловски со коњ тргнал за Битола, каде информацијата му ја пренел на Лигушо, а тој на валијата.

Уште следниот дел аскерот ја опколил Сугарев и комитите кај Чукарите, а во нерамниот бој загинала целата чета. Телото на убиениот војвода двајца турки војници го извлечкале на коњ врзан со фортома, а на селаните им било најстрого забрането да го погребаат истиот ден.

 Сугарев 11-то дете, браќата и сестрите претходно му умитрале

Ѓорги Сугарев бил единаесетото дете кое го родила неговата мајка, но сите претходни деца и умирале. Токму затоа водени од народните верувања, него го дочекале на некалајлисана тепсија во црквата „Свети Меркури“ во село Барешани, која се верува дека има чудна моќ да им помага на жени кои немаат деца. Во оваа црква бил и крстен и затраил, но не за долго односно до 30-тата година кога загинал за слободата на Македонија, раскажува историчарот Ѓорги Димовски-Цолев.

Ж.З. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани