2win800x200

Љубовна приказна од потпелистерско Трново

Мај 12, 2020

Секоја пролет жителите на битолското село Трново го чекаат враќањето од Јужните краишта на вљубената двојка штркови која го свила своето гнездо овде во Потпелистерието. Секојдневно имаат можност да бидат сведоци на оваа љубовна приказна, која ја споделуваме со нашите читатели благодарение на фотографиите на нашиот соработник Јован Наумовски.

strk1

Љубовната игра на парот штркови незабиколно влезе во објективот на Наумовски, кој ја долови љубовта, приврзаност, преданост, но и меѓусебната грижа каква ретко се среќава.

strk4

Жителите од Трново ќе имаат убава можност да се дружат со вљубениот пар до август, кога штрковите повторно се враќаат на Југ.

strk5

Штркот каде и да се појави предизвикува убави чувства, најверојатно поради народното предание дека тој ги носи пролетта, среќата, па и бебињата.

 


strk6

 

Штрковите се неми птици, не испуштаат гласови, а комуницираат со штракање на клунот. Тие се моногамни и се верува дека до крајот на животот остануваат верни на парнетрот

strk2Според пописот на Македонското еколошко друштво од 2015 година, во Македонија изброени се 817 активни гнезда со 3361 штрк

strk7

(Жаба за ручек обезбеди грижливиот партнер)

Е.М.

 

Фотографиите се авторски!  Забрането е преземање без согласност на авторот Јован Наумовски

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани