2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Со денови ги чекаше штрковите за да ја фотографира нивната љубовна игра

Мај 13, 2020

Со денови го чекаше вљубениот пар штркови во потпелисерското село Трново со фотоапаратот да ја овековечи  нивната долгогодишна љубовна приказна, за која пишуваше апла.мк. Битолчанецот Јован Наумовски, инаку пасиониран фотограф, деновиве направи фасцинантни фотографии од птиците кои по враќањето од Југ го обновуваа старото гнездо во близина на селската црква. Низ објективот „улови“ и дел од љубовната игра на парот штркови. Јован, заедно со неговиот син неколку пати одел, чекал и безуспешно се враќал дома. Гнездото бил празно, а штрковите не можел да ги начека .

strk2

-Штрковите се вратени пред две недели и грижливо го припремаа гнездо. За тоа ме извести мој познаник, голем љубител на природата, чичко Панде. Имав неколку неуспешни обиди да ги сретнам, се додека не отидовме со мојот син на прошетка на кај Пелистер пред самрак, но гнездото пак беше празно. Овој пат решивме да ги почекаме во дворот на селската црква во Трново, раскажува Наумовски за апла.мк.

strk6

Но, чекањето се исплатеше. Најпрво долета „домаќинката“, која веднаш се зафатила со уредување на гнездото, а по неа и „домаќинот“ со уловен плен.

- Додека чекавме, во еден момент, токму над нашите глави прелета огромна птица која се упати кон гнездото. Тоа беше женката, убава и грациозна, со распон на крилата од околу 2 метра. Веднаш ја фотографиравме, а токму ова беше првата средба со нив, поради што бевме пресреќни. По пристигнување женката почна да го средува гнездото. Но, не очекувавме дека веднаш по неа ќе долета и мажјакот. Го забележвме од далеку, уште поголем, пограндиозен, се приближуваше кон гнездото и се прибра „дома“ со уловена жаба во клунот. На нашата радост и немаше крај, чувство кое не се опшува. Со син ми почнавме да извикуваме од среќа, раскажува Јован.

strk7

Таткото и синот, кој очигледно ја наследил љубовта кон фотографијата, се враќале неколкупати да ги следат птиците, но штрковите не секогаш биле во гнездото.

sin1

(и синот по стапките на таткото)

 

- Потоа одевме неколку дена, ретко ги наоаѓавме во гнездото, додека не сфативем дека таму се рано на сабајле и доцна пред стемнување. Фасцинира нивната посветеност, почит и љубов еден кон друг, гестиклулациите и штракање со клуновите, затоа што се неми птици. Во природата ништо не се случува без причина, така и овој пар се враќа на старото место години наназад што потврдија и луѓето кои живеат во Трново, вели Јован Наумовски.

Додава дека повторно со синот ќе одат да ги фотографираат птиците, а се радуваат и нетрпеливо го очекуваат подмладокот на вљубениот пар штркови.

Инаку Јован Наумовски со фотографија се занимава пет години. 

-Се започна со курс за основи на фотографија во организација на Фото кино клуб на град Битола. Посебно привлечни ми се природните феномени и уживам во лендскејп фотографија, а сакам да фотографирам и животни, вели Наумовски, а неговите фотографии се подеднакво раскошно убави на која и да е тема, а често апла.мк ги споделува со читателите. Еве дел од нив.

guster3

 

FB IMG 1589395871922

Е.М.

 

 

https://www.facebook.com/jnaumovski1?epa=SEARCH_BOX

https://www.instagram.com/jovan_naumovski/

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани