АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Јазикот и народот се испреплетени. А старословенскиот црковен јазик се родил во денешна Македонија, во Охрид и оттука се рашири низ целиот словенски род, Де се потсетуваме се додека не ги научиме вечните аманети што на чувење ни ги довери Мисирков кој вели дека имаме и право и долг да го браниме нашиот јазик и тоа право е свето, рече Љупчо Кочарев, претседател на МАНУ на 51.Семакедонска средба во Трново.
„И денес во 21 век во навидум изградени демократски општества продолжуваат уште активните обиди за исчезнување на македонскиот иденитет. А што е уште потрагично продолжува самоуништувањето на националчната свест и иденитетските белези кои ја обележуваат македонската нација како посебна. Да упатиме молитва за Македонија и да не заборавиме дека зборот Македонија подразбира просторен и милениумски континуитет на македонскиот јазик, идентитет и народ и второ македонскиот национален супстрат го сочинуваат Македонците кои живеат во Македонија, во соседството, и во Грција и Бугарија и низ целиот свет. Ова да е во сите преговарачки рамки и спогодби“, изјави Коцарев.
На Семакедонската средба беа упатени пораки за зачувување на македонскиот јазик и идентитет, па беше побарано укинување на договорите со Грција и Бугарија.
Таа беше под покровителство на градоначалникот на Општина Битола. Средбата ја благословија отец Пимен, митрополит Европски и архимандритот Никодим Царкљаз од Грција кој рече дека Македонија е утробата на јазикот на сите словенски народи на што треба да се гордееме и да не го даваме.
Васил Стеријовски од единствената партија на Македонците во Албанија –Македонска алијанса за европска интеграција, обраќајќи се официјално од говорница побара да запрат обидите на Бугарија за негација и асимилација на Македонците во Албанија.
„Тие имаат за цел создавање на непостоечко бугарско малцинство на места каде живеат Македонци. Бугарската пропаганда меѓу Македонците во Албанија е иста како за време на Балканските војни и бугарската окупација во Првата светска војна. Албанија мора отворено да каже дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не е добрососедство туку отворен напад врз суверенитетот и територијалниот интегритет на Албанија и грубо мешање во внатрешните работи на државата “, рече Стеријовски.
Тој од Владата во Тирана побара унапредување на положбата и правата на Македонците таму, со новата територијална организација општина Пустец да не се укинува додека областите Гора и Голо Брдо населени со мнозинско македонско население да бидат посебни општини.